Донирано од:
Еуромакс Фондација
Категорија:
Земјоделство
Опис за Проектот
Земјоделците од босилово-новоселскиот регион во мај се соочија со значителен предизвик кога нагло паднаа откупните цени на земјоделските производи. Оваа ситуација ги влоши и онака тешките економски услови, продлабочувајќи ја сиромаштијата што ја преживуваат многу индивидуални земјоделци од тој регион.
Согледувајќи ја итната потреба за поддршка на овие вредни семејство, Фондацијата Еуромакс се вклучи за да обезбеди помош која е кључна во овој период. На почетокот на јули, поделивме околу 720 вреќи (околу 18 тони) ѓубриво на 183 земјоделски семејства кои се најтешка финанскиса состојба. Прихранувањето на засадените култури со ѓубриво е особено важно за време на овој критичен период на интензивен раст на засадените земјоделски култури, бидејќи овозможува побрз развој на коренот и подобра апсорпција на хранливи материи за успешна втора берба оваа година.
Ние продолжуваме со оставрувењето на нашата цел, да стоиме покрај земјоделците од регионот, нудејќи им поддршка и ресурси за да им помогнеме да ги надминат овие тешки времиња.
Спецификација:
-
720 вреќи ѓубриво