Се залагаме за Поддршка на земјоделството Квалитетно здравје Развој на заедницата Квалитетно образование Заштита на културата Претприемништво Здрава животна средина

Фондацијата е посветена на создавање позитивни промени во Македонија преку финансирање и поддршка на проекти во различни области.

  • Инвестирај во Заедницата, Инвестирај во Иднината!
Посветени за позитивни промени

Четирите темели за
нашата иницијатива

Развој на Заедницата

За силни и одржливи заедници

Фондацијата инвестира во инфраструктура; нуди поддршка на локални организации и маргинализирани групи и промовира економски развој во заедниците. Нашата цел е да создадеме одржливи и просперитетни заедници преку поддршка на иницијативи кои ја зголемуваат економската стабилност и ги подобруваат животните услови на локалното население.

Земјоделство

Одржливи и продуктивни земјоделски заедници

Поддржуваме одржливо земјоделство преку обезбедување механизација, техничка помош и обуки, овозможувајќи зголемена продуктивност, заштита на животната средина и економски развој.

Спорт и рекреација

Изградба на поздрави заедници

Овозможуваме поздрави и посилни заедници преку изградба и одржување на спортски објекти, организирање на спортски програми и поддршка на локални спортски настани. Нашата цел е да поттикнеме физичка активност, тимски дух, ангажман на младите и зајакнување на заедничките вредности.

Образование и истражување

За иднина со знаење

Фондацијата ги поддржува образовните институции, обезбедува стипендии и развива образовни програми за подобрување на пристапот до квалитетно образование, академски можности и иновации во учењето.

Нашиот пристап

Решенија за трајно
влијание на заедницата

Модерно Земјоделство

Приближување со науката и современи светски искуства

Техничка, технолошка и промотивна поддршка, стручни советувања како и промоција на земјоделското производство на самостојните земјоделци и нивните домаќинства, со посебен фокус на Југоисточниот регион на Македонија.

Социјални Аспекти и Здравје

Градиме Здрава Иднина
и Поцврсти Заедници

Фондацијата финансира проекти насочени кон подобрување на животниот стандард, намалување на трендот на иселување, унапредување на здравството и здравствената заштита, како и заштита на животната средина. 

Образование и Истражување

Ги Едуцираме Новите Генерации

Поддршка на образовни институции, доделување стипендии и развивање образовни програми за подобрување на пристапот до квалитетно образование, академски можности и иновации во учењето.

Заштита на Култура и Иновации

Промовираме Култура, Поттикнуваме Иновации

Фондацијата спонзорира проекти за зачувување и промоција на културното наследство и уметноста, вклучувајќи музеи и културни институции. Финансираме проекти кои поттикнуваат иновации и претприемништво, со фокус на технолошки напредок и одржлив бизнис развој.

Хуманитарна Помош и Развој на Заедницата

Поддршка за Заедниците

Финансиска помош за време на хуманитарни кризи и природни катастрофи и поддржува долгорочни напори за обновување на заедниците. Инвестира во инфраструктура и проекти за економски развој, овозможувајќи подобри услови за живот на локалното население и поддршка на одржливото земјоделство.

Партнерски пристап кон одржлив развој

За влијателни промени
во националните заедници

Проект Број 1

Земјоделска
Опрема

Сет земјоделска опрема и механизација за јавно користење во Иловица и Штука

Механизации
0
Општини Опфатени
0
донација иловица
еуромакс фондација донација иловица
Проект Број 2

Земјоделско
Ѓубриво

18 тони ѓубриво за Земјоделците во Босилово-Новоселскиот Регион"

Вреќи ѓубриво
0
Земјоделски Семејства
0
Проект Број 3

Еколошки
Торби

Бесплатни еколошки торби за пазарување на домаќинствата од општините Босилово и Ново Село

Eko Торби
0
Реализирани Средства
0 M
Реализирани Проекти
0 +
Опфатени Општини
0 +
Опфатени Семејства
0 +

Дамиан Петровски

Директор на Фондацијата

„Соработувајќи со заедниците, можеме да изградиме подобра, поправедна иднина за сите, започнувајќи од денес.

Основачи на Фондацијата

Кој се Еуромакс Ресоурцес?

Погледнете го корпоративното видео и дознајте повеќе за Еуромакс Ресоурцес и нивната улога во Република Северна Македонија.

Одговори на Вашите прашања

Информирај се веднаш!
Најчесто поставувани прашања

фондација_образование

Често поставувани прашања

Не можете да најдете соодветен одговор на Вашето прашање? Контактирајте го нашиот тим и ние со задоволство ќе ви помогнеме.

За да аплицирате за финансирање или поддршка, ве молиме пополнете го онлајн формуларот за апликација на нашата веб-страница. Нашиот тим ќе ве контактира за дополнителни информации.

Фондацијата поддржува проекти во разновидни области, меѓу кои социјално влијание, здравје и благосостојба, образование и истражување, културна заштита, иновации и претприемништво, хуманитарна помош и помош при катастрофи, и др.

Квалификувани за добивање грантови или поддршка се невладини организации, образовни институции, локални заедници, и други непрофитни организации кои работат на проекти кои се усогласени со нашата мисија и цели.

Проектите се избираат преку процес на рецензија кој вклучува оценување на релевантноста, одржливоста, потенцијалното влијание и усогласеноста со мисијата и целите на фондацијата.

Стапете во контакт

Имате проект кој сакате да го реализирате?

Адреса:

Булевар Партизански Одреди 14, Скопје 1000

Контакт:

Електронска пошта: fondacijaeuromaks@gmail.com
Телефонски број: +389 02 3220998

Контакт Форма

Претставете ни се и споделете ја вашата визија со нас, а нашиот тим ќе Ве контактира во најбрз можен рок!
Please enable JavaScript in your browser to complete this form.
Име и Презиме