Се залагаме за Поддршка на земјоделството Квалитетно здравје Развој на заедницата Квалитетно образование Заштита на културата Претприемништво Здрава животна средина
Фондацијата е посветена на создавање позитивни промени во Македонија преку финансирање и поддршка на проекти во различни области.
-
Инвестирај во Заедницата, Инвестирај во Иднината!




Посветени за позитивни промени
Четирите темели за
нашата иницијатива
За силни и одржливи заедници
Фондацијата инвестира во инфраструктура; нуди поддршка на локални организации и маргинализирани групи и промовира економски развој во заедниците. Нашата цел е да создадеме одржливи и просперитетни заедници преку поддршка на иницијативи кои ја зголемуваат економската стабилност и ги подобруваат животните услови на локалното население.

Одржливи и продуктивни земјоделски заедници
Поддржуваме одржливо земјоделство преку обезбедување механизација, техничка помош и обуки, овозможувајќи зголемена продуктивност, заштита на животната средина и економски развој.

Изградба на поздрави заедници
Овозможуваме поздрави и посилни заедници преку изградба и одржување на спортски објекти, организирање на спортски програми и поддршка на локални спортски настани. Нашата цел е да поттикнеме физичка активност, тимски дух, ангажман на младите и зајакнување на заедничките вредности.

За иднина со знаење
Фондацијата ги поддржува образовните институции, обезбедува стипендии и развива образовни програми за подобрување на пристапот до квалитетно образование, академски можности и иновации во учењето.

Нашиот пристап
Решенија за трајно
влијание на заедницата
Модерно Земјоделство
Приближување со науката и современи светски искуства
Техничка, технолошка и промотивна поддршка, стручни советувања како и промоција на земјоделското производство на самостојните земјоделци и нивните домаќинства, со посебен фокус на Југоисточниот регион на Македонија.
Социјални Аспекти и Здравје
Градиме Здрава Иднина
и Поцврсти Заедници
Фондацијата финансира проекти насочени кон подобрување на животниот стандард, намалување на трендот на иселување, унапредување на здравството и здравствената заштита, како и заштита на животната средина.
Образование и Истражување
Ги Едуцираме Новите Генерации
Ги поддржуваме образовните институции преку донации за опрема, обезбедување стипендии и развивање на образовни програми за подобрување на квалитетот на образованието.
Заштита на Култура и Иновации
Промовираме Култура, Поттикнуваме Иновации
Фондацијата спонзорира проекти за зачувување и промоција на културното наследство и уметноста, вклучувајќи музеи и културни институции. Финансираме проекти кои поттикнуваат иновации и претприемништво, со фокус на технолошки напредок и одржлив бизнис развој.
Хуманитарна Помош и Развој на Заедницата
Поддршка за Заедниците
Финансиска помош за време на хуманитарни кризи и природни катастрофи и поддржува долгорочни напори за обновување на заедниците. Инвестира во инфраструктура и проекти за економски развој, овозможувајќи подобри услови за живот на локалното население и поддршка на одржливото земјоделство.
Партнерски пристап кон одржлив развој
За влијателни промени
во националните заедници
Проект Број 1
Земјоделска
Опрема
Сет земјоделска опрема и механизација за јавно користење во Иловица и Штука


Проект Број 2
Земјоделско
Ѓубриво
18 тони ѓубриво за Земјоделците во Босилово-Новоселскиот Регион"


Проект Број 3
Еколошки
Торби
Бесплатни еколошки торби за пазарување на домаќинствата од општините Босилово и Ново Село


Основачи на Фондацијата
Кој се Еуромакс Ресоурцес?
Погледнете го корпоративното видео и дознајте повеќе за Еуромакс Ресоурцес и нивната улога во Северна Македонија.
Одговори на Вашите прашања
Информирај се веднаш!
Најчесто поставувани прашања



Често поставувани прашања
Не можете да најдете соодветен одговор на Вашето прашање? Контактирајте го нашиот тим и ние со задоволство ќе ви помогнеме.
За да аплицирате за финансирање или поддршка, ве молиме пополнете го онлајн формуларот за апликација на нашата веб-страница. Нашиот тим ќе ве контактира за дополнителни информации.
Фондацијата поддржува проекти во разновидни области, меѓу кои социјално влијание, здравје и благосостојба, образование и истражување, културна заштита, иновации и претприемништво, хуманитарна помош и помош при катастрофи, и др.
Квалификувани за добивање грантови или поддршка се невладини организации, образовни институции, локални заедници, и други непрофитни организации кои работат на проекти кои се усогласени со нашата мисија и цели.
Проектите се избираат преку процес на рецензија кој вклучува оценување на релевантноста, одржливоста, потенцијалното влијание и усогласеноста со мисијата и целите на фондацијата.
Стапете во контакт
Имате проект кој сакате да го реализирате?
Адреса:
Булевар Партизански Одреди 14, Скопје 1000
Контакт:
Електронска пошта: fondacijaeuromaks@gmail.com
Телефонски број: +389 02 3220998