Опис за Проектот
Еуромакс Ресоурцес заедно со својот најголем инвеститор Трафигура стартуваше кампања за поддршка на локалната заедница како одговор на последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Кампањата поддржа 21 занаетчија од повеќе села во општините Босилово и Ново Село, кои аплицираа на повикот на Еуромакс Ресоурцес. Кампањата обезбеди нов современ алат за занаетчии од различни професии, вклучувајќи лимари, бравари, електричари и козметичари. Оваа активност претставуваше дел од пошироките напори на Еуромакс и Трафигура да поддржат локални занаетчии, земјоделци и мали претприемачи.