Донирано од:

Еуромакс Фондација

Категорија:

Земјоделство

Опис за Проектот

Фондацијата Еуромакс ја поддржува локалната земјоделска заедница со донација на ѓубриво.

Фондацијата Еуромакс набави 720 вреќи (18 тони) од ѓубривото Genezis Petiso Nitrocalcar 39% за поддршка на земјоделците во општините Ново Село и Босилово. Ова висококвалитетно ѓубриво е особено корисно за кисели почви, песокливи предели – како оние околу Иловица и Штука – и региони со недостиг на магнезиум.

Genezis Petiso Nitrocalcar 39% помага во одржување на pH рамнотежата на почвата, спречува зголемување на киселоста и ја збогатува со калциум и магнезиум. Во зависност од нивото на азот во почвата, ова ѓубриво е погодно за различни земјоделски култури, вклучувајќи пченка, компири, зеленчук, маслодајна репка, овес, шеќерна репка и лековити растенија.

Со оваа иницијатива, Фондацијата Еуромакс продолжува да ја демонстрира својата посветеност на одржливото земјоделство и поддршката на локалната заедница.

Спецификација:

  • 720 вреќи ѓубриво