Донирано од:

Еуромакс Ресоурцес

Категорија:

Заедница, Здравство и Медицина

Опис за Проектот

Во ноември, 2021 година, Еуромакс Ресоурцес ја поддржа хуманитарната иницијатива во организација на Bikers Garage, по иницијатива на жените мотоциклисти во Струмица. Настанот наречен Lady Biker Power „Заедно против ракот на дојка“ беше насочен кон поддршка на социјално ранливи семејства и подигање на свесноста за заштита од ракот на дојката. Покрај донации на детски играчки, алишта и мебел, на присутните жени им беше овозможена консултација со доктор специјалист за рана детекција и превенција на ракот на дојката.